Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погребална фирма во Ел Салвадор ја доведе Барби-манијата до крајност со тоа што понуди ковчези со украси од Барби.
Розовите метални ковчези се продаваат во погребната куќа Алфа и Омега во градот Ахуачапан, во близина на границата со Гватемала, пренесува RTL.be.
Сопственикот Исак Вилегас изјави дека веќе понудил опција за розови ковчези пред јулската премиера на филмот за Барби. Но, лудоста што ја зафати Латинска Америка го убеди да ги украси платнените облоги на ковчезите со слики од куклата. Ковчезите се исто така украсени со мали бели ѕвезди.
⚰️🌸 INSOLITE | Plusieurs entreprises de pompes funèbres proposent désormais des cercueils rose vif sur le thème de #Barbie.
👉 Certains seraient même en en rupture de stock.pic.twitter.com/BCxRbc1eBh
— Cerfia (@CerfiaFR) August 2, 2023
„Реков: „Мораме да го искористиме ова“. „Сакавме да го промовираме розовиот ковчег затоа што стана тренд и луѓето не контактираа. Од 40 луѓе кои се распрашуваа за него, веќе потпишавме договор со најмалку 10 нови клиенти. Дури и останавме без залиха”, откри Вилегас.
Друга погребна фирма, погребната куќа Оливарес, го користи слоганот: „Почивај во мир како Барби“ за да го рекламира својот нов дизајн на ковчег наречен „Куќата на Барби“. Тие го објавија видеото од ковчегот на TikTok, каде стана вирално со 1,6 милиони прегледи и речиси 5.000 коментари.
@funeraria_olivares #barbie #barbiemovie #barbieyken #barbielifeinthedreamhouse ♬ sonido original – Funeraria Olivares SA
Да потсетиме, филмот Барби во режија на Грета Гервиг за помалку од три недели достигна рекордна заработка од 1,03 милијарди долари. Гервиг на тој начин стана единствената жена режисер која самостојно режирала филм кој ја надмина границата од 1 милијарда долари.