Морбидна сцена која ќе се памети: Човекот кој скокна во смрт при нападот на Кулите близначки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изминаа 16 години од еден од најбруталните и најфатални терористички напади направени на почвата од САД – авионскиот терористички напад на Кулите близначки од Светскиот трговски центар.

Снимките кои тој 11 септември одекнаа на сите страни од светот го вознемирија цело човештво. А највознемирувачка од сите беа снимките на кои беа снимени луѓе како скокаат од прозорците од Светскиот трговски центар, откако кулите беа зафатени од пожар после забивањето на авионите во нив. Знаеја дека не можат да го преживеат огнот, па во очај „спас“ бараа во воздухот.

Една од најзастрашувачките сцени и глетки од тој кобен ден ја фати со својот објектив фотографот од Associated Press, Ричард Дру, после што неговата фотографија наиде на голем број критики бидејќи многумина сметаа дека е премногу „воајерска“.

Сликата од човекот кој скока во смрт од една од кулите близначки на многумина засекогаш им се врежа во сеќавањето, а до ден денес не се откри кој беше човекот што привлече толкаво внимание со својот морбиден потег и на некој начин стана симбол за страдањата на тој кобен 11 септември.

Имаше неколку обиди да се идентификува машкиот лик кој скокна од северната кула од Светскиот трговски центар, меѓутоа ниту еден не вроди со конкретен резултат.

Се веруваше дека станува збор за Норберт Хернандез, готвач кој работел во ресторанот на 106-от кат. Члеовите на неговото семејство сметаа дека тој е човекот на фотографијата, но кога ги разгледаа добро кадрите, беа убедени дека, сепак, тоа не е Норберт.

Неговиот идентитет може да остане мистерија, но сцената од неговиот слободен пад право во смрт никогаш нема да се избрише од меморијата на стотици илјади луѓе.