Морав да ја украдам касата од ќерка ми поради Мурињо!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Менаџерот на Бристол, Ли Џонсон имаше интересна изјава пред четвртфиналниот меч во Лига купот каде неговиот тим ќе игра против Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед вечерва му гостува на второлигашот Бристол, а менаџерот Ли Џонсон натпреварот го гледа како добра шанса да се сретне со Мурињо и да поразговара во четири очи.

„Се надевам дека ќе се видиме. Потрошив 450 фунти за вино! Морав да ја украдам и касата од мојата ќерка. Специјално донесовме вино од Португалија. Дознавме дека Мурињо сака специјална врста на вино, за која е потребно да ја тура експерт“.

„Се надевам дека Мурињо ќе има време да поразговата со мене, а јас ќе се обидам да влезам во неговиот мозок на десет минути. Тој е врвен менаџер, и моментално е на врвот. Секој млад тренер како мене се обидува да го копира“, изјави Џонсон.

Двете екипи се намаат сретнато од далечната 1980 година, а Бристол во 1909 година има загубено финале во ФА Купот од Јунајтед.