Мора да го чуете: Малиот го разнежни светот со својата изјава


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Петгодишниот Џекс ги разнежни срцата на интернет популацијата со изјавата која на Фејсбук ја пренесе неговата мајка Лидија Стит Роузбуш.

„Сабајле Џекс и јас расправавме за неговата фризура. Му реков дека овој викенд ќе мора да се потстригува, на што тој ми рече дека сака да се потстрижи многу кратко, како неговиот најдобар другар Реди. Рече и дека одвај чека да дојде понеделник за да оди со новата фризура на школо, бидејќи нивната наставничка нема да може да ги разликува со Реди. Заклучи дека ќе биде урнебесно. Ако ова не е доказ дека омразата и предрасудите се нешто кое на кое ги учат луѓето, тогаш не знам што е. Единствена разлика која Џекс ја гледа помеѓу него и неговото другарче е фризурата“, заклучува мајката.