Moody’s го оцени американскиот банкарски сектор од стабилен во негативен – дали САД се соочува со нов финансиски колапс?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Moody’s Investors Service ја намали оцената на целиот американски банкарски систем од стабилен на негативен.

Агенцијата за кредитен рејтинг Moody’s Investors Service објави дека ставила шест американски банки на листата за повторна анализа поради потенцијално намалување на рејтингот, по минатонеделниот колапс на Банката на Силиконската долина (Silicon Valley Bank – SVB).

Според Си-Ен-Ен, Moody’s Investors Service соопшти дека се очекува повеќе банки да бидат под притисок по колапсот на СВБ, особено оние со големи залихи на неосигурани депозити и долгорочни државни обврзници чија вредност е ослабена.

Moody’s Investors Service очекува притисокот врз банкарскиот сектор да продолжи, бидејќи Федералните резерви продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки за да се борат против инфлацијата.

Moody’s додаде дека дополнителна загриженост е што американските банки ја зголемуваат каматата што ја плаќаат на штедните сметки и дека иако банките се надеваат дека повисоките стапки ќе ги задржат клиентите загрижени за колапсот на СВБ, тоа исто така може да го намали профитот.

Moody’s вели дека добрата вест е што американскиот банкарски систем е генерално здрав, дека има доволно пари и ликвидност за да ја издржи економската криза, но дека лошата вест е што американските регулатори може да бараат од нив да држат повеќе капитал по брзиот колапс од на СВБ.

Moody’s предупреди дека рејтинзите на First Republic Bank (FRC), Zions (ZION), Western Alliance (VAL), Comerica (CMA), UMB Financial (UMBF) и Intrust Financial може да се намалат, објаснувајќи дека „поради екстремно нестабилните услови за финансирање , некои американски банки се изложени на ризик од одлив на неосигурени депозити“.