Монтана е првата сојузна американска држава која ја забрани платформата ТикТок


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со потпишување на законот со кој се забранува платформата ТикТок од страна на гувернерот Грег Џанфорте, Монтана стана првата американска држава што ја забрани популарната апликација за кратки видеа, пренесува Данас. Монтана донесе закон за забрана на ТикТок во средината на април.

Законот беше прифатен со 54 гласа, 43 беа против, а законот сега е потпишан од републичкиот гувернер на таа држава на северозападот на земјата, која има нешто повеќе од милион жители. Новиот закон ќе стапи на сила во јануари 2024 година.

Гувернерот Џанфорте нагласи дека законот ќе го унапреди „нашиот заеднички приоритет да ги заштитиме жителите на Монтана од надзорот на Комунистичката партија на Кина“.

Законот наведува и можни казни од 10.000 долари дневно за прекршителите, вклучително и за апликациите кои нудат симнување на апликацијата. Казните нема да важат за корисниците.