Монструмот од Босанска Крупа: Ја убил мајка си и со денови го јадел нејзиното тело


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сцени како од најужасен хорор филм доживеале полициските службеници додека ги откопувале искасапените посмртни останки од телото на 60 годишната Насиха Велиќ, која била убиена и јадена од нејзиниот син.

Сабахудин од Босанска Крупа го извршил најужасното можно злосторство . Си ја убил мајка си, и го преполовил телото и потоа со денови го јадел нејзиното месо.

33 – годишниот човекојадец вчера заминал од селото и со автомобил дошол во полициската станица во Сараево, каде признал што направил. Тој ладнокрвно и без многу емоции раскажал дека ја убил мајка си со секира, а потоа десетина дена сечел од нејзиното тело и го јадел.

Остатокот од телото го распарчил, го запалил и го закопал на различни места околу куќата. Кога го прашале полицајците зошто го направил тоа, одговорил дека бил под дејство на црна магија и дека непознати суштества му рекле така да постапи.

Убиецот е предаден на психијатриско вештачење, додека околу куќата со багери се бараат остатоци од телото на несреќната жена.