Монструми: Боксерка претепала до смрт 16-месечно бебе, додека нејзината девојка, мајката на детето, само го гледала тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бредфордскиот суд од регионот Јоркшир во Англија, осудил на затвор две жени виновни за смртта на 16- месечното девојче Стар Хобсон во септември 2020 година.

За убиство на бебето, Савана Брокхил (28) е осудена на минимум 25 години затвор.

Нејзината партнерка и мајка на детето, 20-годишната Френки Смит, ќе оди во затвор осум години „за предизвикување или овозможување смрт на дете“.

Аутопсијата на девојчето открила повреди на мозокот, внатрешните органи и скршеници на коските, што се доволен доказ за долгорочното физичко малтретирање кое го доживеало бебето Стар.

Судијката Ламберт не штедела ниту збор во образложението на нејзината пресуда.

„Телесните повреди што ги претрпе Стар за време на нејзиниот живот се само дел – иако многу значаен дел – од нејзината трагична животна приказна. Во најмала рака, двете покажавте бесчувствителна рамнодушност проследена со целосна суровост“, рече судијката во изрекувањето на пресудата.

Савана и Френки се заљубиле неколку месеци откако Френки го оставила таткото на детето, Џордан Хобсон. Џордан еднаш рекол дека Френки често одела на забави, и не се грижела за детето. Самиот татко не живеел во близина на детето поради обука за криминалистичка работа. Тој го упатил еден од последните повици во социјалната служба, во јуни 2020 година.

И семејството на Џордан често поминувало време со девојчето до последните шест месеци од нејзиниот живот, кога Френки повеќе не им дозволувала да се дружат.

Социјалните служби го посетиле домот на Брокхил и Смит во четири наврати, а Френки секогаш ги криела модринките и другите повреди на детето, изјавила нејзината пријателка Холи Џонс пред судот. Џонс често се грижела за детето кога Смит и Брокхил излегувале, а во една прилика и самата се јавила во социјалните служби поради состојбата во која го затекнала детето.

Савана и Френки често се карале, а нивните познаници зборуваат за „токсична врска“. Иако одбраната можела да докаже дека Френки има ограничена интелигенција, судијката не го сфатила како олеснителна околност за целосно да ја ослободи бидејќи „мораше да знае дека присуството на Савана негативно влијае на здравјето и благосостојбата на нејзиното сопствено дете.”

Брокхил, инаку, е аматерска боксерка и телохранителка по клубови, а често знаела да се „истресе на детето“. Осудените го снимале злоставувањето на малата Стар и им праќале видеа на своите пријатели, а има и снимки од надзорните камери на кои е забележана злоупотреба на детето од страна на Брокхил, објави Гардијан.