Моника Левински открива детали за сексот со Бил Клинтон: „Отидовме во бањата…“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Моника Левински не многу често изнесуваше интимни детали за својата врска со бившиот американски претседател Бил Клинтон. Најпознатата политичка швалерка на 20. век, сепак, си ја отвори душата за интимните моменти со Бил за документарниот серијал „The Clinton Affair“ и со светот ги сподели пикантериите кои досега ги знаеја само таа и Клинтон.

Проговори за дамките на легендарниот син фустан, за детали од сексот со Клинтон во бањата од Овалната соба и подароците кои ги добивала од претседателот.

Левински открива дека отишле во бањата откако на подарок од Клинтон добила игла за шешир и книгата поезија од Волт Витман, „Страци трева“.

„Тоа што ми ја подари оваа книга за мене имаше посебно значење. Тоа е интимна книга која не се подарува насекаде и секому. Ме мачеа многу нешта: Дали тоа што го чувствувам е реално? Дали има нешто тука? Сета таа несигурност исчезна кога ми ја подари оваа книга. Се упативме кон бањата, каде бевме уште поинтимни. Ми даваше комплименти, јас му возвраќав. Дојдовме до моментот во кој тој, при претходните средби, секогаш запираше. Некако подзастанав и го прашав дали сака да продолжи. Конечно ми рече дека сака“, открива Левински.

„Тој ден излегов на вечера. Никој од луѓето со кои се сретнав на вечерата не ми кажа дека имам дамки на фустанот. Дамките ги видов дури неколку дена подоцна, кога го пробував фустанот пред својата пријателка која ме убеди да го чувам фустанот со спермата од Клинтон“, додава Моника.

Левински неодамна изјави дека би сакала лично да се извини на Хилари Клинтон, како и дека никогаш не добила извинување од Бил Клинтон.