Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Минатата година Моника Белучи се најде во центарот на вниманието бидејќи стана највозрасната по години Бонд девојка во историјата на филмската франшиза, но оваа година уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка, снимајќи разголена секс сцена со латино заводникот Гаел Гарсија Бернал во драмата Mozart In The Jungle.
51-годишната Италијанка го глуми ликот на оперската дива Алесандра, а секс сцената која ја сними ги запали нејзините бројни фанови. Со тоа докажа дека сценаристот Роман Копола бил во право кога тврдел дека Белучи е единстваната вистинска личност за таа улога.
„Беше уникатна. Таа е Италијанка, страствена, убава, интересна и динамична. Не морав многу да размислувам за тоа“, изјави тој за изборот на Моника.