Монако и Атлетико Мадрид ги комплетира осумте најдобри за четвртфинале во Лига на Шампиони


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Екипите на Монако и Атлетико Мадрид ги пополнија и последните места во четвртфиналната фаза од Лигата на Шампионите, откако беа поуспешни од Манчестер Сити и Баер Леверкузен.

Тимот на Монако успеа да ја надохнади негативата од првиот натпревар против Манчестер Сити, во кој што загуби со 5-3. Францускиот тим славеше со 3-1 на домашен терен, што беше доволно поради головите во гости да оди понатаму.

Стрелци на головите за Монако беа Килиан Мбап, Фабињо и Тиемуе Бакајоко, додека единствениот гол за гостите го постигна Лирој Сане.

Во вториот вечерашен натпревар тимот на Атлетико Мадрид на домашен терен ја бранеше предноста од 4-2 која што ја оствари на гостувањето во Леверкузен и вечерва одиграа само 0-0.

Монако и Атлетико Мадрид се приклучија на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Борусија Дортмунд, Јувентус и Лестер во четвртфиналето.

Ждрепката за паровите од следната фаза ќе се одржи во петок во 12 часот во Нион.