Момците бираа девојка само врз основа на облеката – резултатите се изненадувачки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дека „помалку не е секогаш повеќе“ во пракса го докажа телевизискиот експеримент во кој една иста жена се преоблекуваше во различни модни комбинации, а мажите ги оценуваа тие трансформации.

Жените обично посветено и внимателно го планираат секој свој моден избор и изглед, особено кога сакаат да ги импресионираат мажите и да делуваат заводливо. Но, сега со сигурност можат да знаат што точно „пали“ кај спротивниот пол од страна на облека. ТВ експериментот кој го споменавме открива што точно мислат мажите за облекувањето на жените, а резултатите би можеле доста да ве изненадат. Пример, не секогаш „помалку значи повеќе“ и слично.

Водителката Хејли Пирс го покани врвниот психолог Ленс Воркмен во емисијата за стручно да го процени изборот на машките испитаници како материјал за врска. Главната протагонистка на експериментот беше една единствена девојка која се преоблекуваше во различни модни комбинации – од разголено, до прилично затворено издание. Волонтерите требаше искрено да одговорат која глетка најмногу позитивно ги остава без зборови, судејќи според „пеперутките“ во стомакот.


Провокативен комбинезон

Моделот Џес прво стоеше пред нив во најотвореното и најсексапилно издание од колекцијата – светол комбинезон со деколте до папок и отворен грб. „Ако се облекува вака, веројатно сака внимание“, коментираше еден од испитаниците. Водителката додаде: „Или едноставно има многу самодоверба и сака да го покаже тоа“.


Затворен фустан

Џес потоа се облече во класичен црн фустан до колена кој ништо не откриваше. Резултатот покажа дека колку модниот избор е позатворен и покласичен, толку мажите се порасположени и во жената која носи таква комбинација гледаат потенцијал за врска, односно како жена која би ја запознале со родителите.


Лежерна комбинација

„Очигледно е дека колку што моделот е во позатворено модно издание, толку се тие позадоволни“, коментираше психологот. Идеално за мажите е ако жената открива до 40 насто гола кожа, но сето повеќе од тоа го прогласија за несоодветно.


Мини фустанче за журка

Психологот објасни дека тој волшебен број од 40 насто се базира врз биолошки факти. „Еволуциски, во минатото луѓето секогаш гледале на своите потомци да им обезбедат добри гени, а тоа во голема мера влијаело врз изборот на животниот партнер. Жените, на пример, сакаат да покажуваат повеќе кожа, бидејќи на тој начин сугерираат дека се плодни, а тоа е доста важно со оглед на тоа дека нивното доба на плодност е значително пократко од она на мажите. Тие мора да дадат до знаење дека се млади, бидејќи тоа се поврзува со плодноста. Мажите, од друга страна, имаат тенденција да се фалат со својот општествен статус“, објаснува експертот за психологија.

Водителката воопшто не беше импресионирана од резултатите на експериментот. „Кога јас и моите ќерки излегуваме, се облекуваме во провокативни изданија, но тоа го правиме чисто заради нас, а не за да ја истакнеме својата плодност“, објасни таа, но психологот си остана на својот став, очигледно контроверзен за модерните жени.

„Тоа го правите потсвесно, за да покажете дека сте плодни и тоа нема никаква врска со желбата дали во тој момент сакате да останете бремени или не. Никој свесно не размислува: Го правам ова бидејќи морам да пренесам добри гени на моето потомство. Тие нешта биле поуспешни во текот на еволуцијата и затоа го правиме тоа“, заклучи тој.