Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во тешка сообраќајна несреќа во саботата на унгарскиот автопат М1 во областа Херцегалом загина маж (44). Неговото тело е пронајдено под остатоците на изгорениот автомобил, соопшти во неделата наутро полициската управа во Будимпешта.
„Повредени се 39 лица, двајца се во животна опасност, 12 потешко и 25 полесно. Меѓу повредените има и десет деца. Полицијата ги истражува околностите на несреќата“, соопштија од полицијата.
Во сообраќајна несреќа во саботата учествувале 32 автомобили, пет комбиња и пет камиони. Според првичните информации, несреќата можела да биде предизвикана од прашината подигната од невремето во областа.
На Фејсбук е споделена снимка од моментот кога настана верижниот судир направена од камера во камион кој беше дел од несреќата.