Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Анхела Понче во петокот влезе во историјата кога беше крунисана со титулата Мис Универзум на Шпанија, станувајќи првата трансродова победничка на тој избор за убавина, но и прва која ќе се натпреварува на изборот за Мис Универзум на светско ниво.
„Мојата цел е да бидам портпаролка за вклучување, признавање и почитување на различностите, не само за LGBTQ+ заедницата, туку за цел свет“, напиша 26-годишната Понче на Инстаграм после нејзината победа.
Пред шест години Шпанците ја симнаа од валидност забраната за натпреварување на трансродови лица на изборите за убавина. Анхела својата земја ќе ја претставува на изборот за Мис Универзум во светски рамки кој ќе се одржи подоцна оваа година.
Таа е родена како момче во Севиља, а ова не е нејзино прво натпреварување на избор за убавина. Пред три години се натпреваруваше за титулата Мис на Шпанија (која не е поврзана со Мис Универзум), каде ја претставуваше нејзината покраина Кадиз.