Момче со церебрална парализа во Кина починало од глад откако семејството му го однесе во карантин


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


17-годишниот Јан Ченг од руралните делови на Кина, кое страдало од церебрална парализа, починало од глад откако неговиот татко и брат му биле ставени во карантин поради симптоми на коронавирус, пренесува South Morning Post.

Јан Ченг бил пронајден мртов шест дена откако неговиот татко и брат биле однесени од нивниот дом и биле ставени во карантин.

И двајцата имале симптоми на коронавирус, а Јан Ченг останал сам. Бидејќи не можел да излезе од карантин, неговиот татко побарал помош преку кинеската социјална мрежа Веибо.

Локалните власти дошле да го посетат, но, наводно, го хранеле само двапати за шест дена. Истрагата за смртта на младиот човек е во тек.