Момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа на патот Велес-Штип


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дваесет и деветгодишно момче од Скопје е жртвата во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Велес-Штип, пренесува „Макфакс“.

Несреќата се случи во 14 часот, кај клучката за село Црнилиште, а во неа учествуваа автобус „темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц. (64) од Велес и автомобил „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје, а управувано од И.А. (29) од Скопје.

Според информациите од МВР, на самото место починал возачот И.А.. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе. Сообраќајот на патниот правец Велес – Штип беше во прекин до 16.30 часот.