Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Политичарите од Молдавија Сергио Тофилат и Генади Косован се степаа за време на дебатна емисија во живо, пренесува “DPA”.
Тофилат, поранешниот советник на претседателката Маја Санду, го нокаутирал Косован, поранешен заменик министер за внатрешни работи, го фатил за врат.
Видеото објавено на интернет покажува дека Косован во почетокот останал неподвижен по инцидентот.
Ситуацијата наводно се влошила откако Тофилат го навредувал Косован во текот жестока расправа за политичката ситуација во Молдавија. Тогаш Косован го полеал Тофилат со чаша вода по глава.
Подоцна на Фејсбук била објавена фотографија на која се гледа како двајцата мажи повторно мирно стојат еден покрај друг и се ракуваат, но во позадина се гледаат болничари.
„Сè е добро кога добро ќе се заврши”, напишало уредништвото, но исто така навело дека таквите насилства ќе бидат казнувани во иднина.