Моќната Германија константно има потреба од 20.000 работници – еве колкави се платите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поради константниот недостиг на занаетчии и луѓе од различни еснафи, Германците редовно чекаат во просек по повеќе од десет недели за извршување некаков вид занаетчиски услуги, а ситуацијата може да се влоши во блиска иднина, апелира и алармира Здружението на германските занаетчии.

„Во моментов нарачките се толку многу што занаетчиите се принудени да одбијат нови, доколку не доаѓаат од постојаните купувачи”, вели Фанк Ханс Питер Волхајмер, претседател на Германската асоцијација за занаетчии.

Тој посочи дека со години, премалку млади луѓе се одлучиле да се школуваат за некои занаетчиски работи како што се водоинсталатери, молери или паркетари, па така е создаден акутен проблем со недостатокот на експерти.

„Секоја година имаме недостаток од 15 до 20 илјади стручњаци”, рече Волхајмер.

Проблемот може дополнително да се влоши во наредниот период, бидејќи се очекува голема промена на генерации во занаетчиски работилници.

„Многумина ќе се пензионираат и се плашиме дека голем број работилници нема да имаат некој да ги преземе”, објаснува Волхајмер.

„Во моментов, лимарите, водоводџиите, инсталаторите за централно греење, најчесто недостасуваат”, вели тој, додавајќи дека занаетчиите имаат релативно високи примања.

„Мајстор може да заработи бруто износ од 3.500 до 5.500 евра месечно”, забележува претседателот на Здружението на германски занаетчии.

Извор: Денар