Моќна парада со најновото оружје – Москва ја слави победата над фашизмот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со моќна воена парада на Црвениот плоштад, на која беше презентирано најновото вооружување на руската армија, официјална Москва го прослави Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

Смотрата на единиците на 74-тата парада ја изврши рускиот министер за одбрана, кој потоа му го предаде рапортот на претседателот Владимир Путин. Рускиот претседател одржа говор и со традиционалниот поздрав „Ура, ура, ура!“ го означи почетокот на воената парада.

Путин го честиташе Денот на победата, ден, како што кажа, на нашата гордост, тага и безгранична благодарност на бранителите на татковината кои го разбија нацизмот.

„Тие војуваа, се трудеа, ги надминаа натчовечките искушенија и стоеја на страшното место на борбата кога беше потребно. Дадоа сѐ што требаше и ја добија победата“, порача Путин на почетокот на традиционалната парада, која секоја година се одржува на Црвениот плоштад во Москва.

На годинешната парада учествуваат 13.000 војници, над 130 парчиња најсовремено оружје, а ќе бидат прикажани и 74 напредни летала, меѓу кои две беспилотни – авион и хеликоптер.

Парадите на победата во Москва се одржуваа по истиот модел како првата парада одржана во 1945 година, околу еден месец по капитулацијата на Германија.

Со таа парада, кој е и најголемиот настан одржан на Црвениот плоштад, била прославена капитулацијата на нацистичка Германија. Во таа парада учествувале 40.000 војници, 1.850 парчиња воено оружје и траела два часа.

Оригиналната парада ја подготвил маршалот Рокосовски, по наредба од Сталин, а со неа командувал генералот Жуков кој формално ја примил капитулацијата на Германија.