Музика

Моќен спот на Наташа Малинкова за „Кога не си ти до мене“

Најновата песна на Наташа Малинкова, R’n’B баладата „Кога не си ти до мене“ заедно со видеоспотот за неа беа промовирани на YouTube.

Спотот е снимен во винаријата Queen Marija во Демир Капија и на преубавиот снежен Пелистер. За снимањето на видеото беа задолжени тимот на „Pinestel“ продукција.

Автор на музиката и текстот е Столе Аврамов кој како засилување во изработката на аранжманот го имаше и Зоран Алексиќ, а во студиото „Yard“ исто така Аврамов и Алексиќ заедно работеа и на продукцијата на песната.

Особено впечатлив е моментот на костимографијата и целокупниот стајлинг на Нашата во спотот, а за истиот за првпат имаат соработка со модната куќа „Елена Лука“. За останатиот дел од стајлингот пак, како шминка и фризура, беа задолжени Марија Лазов и Валентина Доневска.

Advertisements
To Top