Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најновата песна на Наташа Малинкова, R’n’B баладата „Кога не си ти до мене“ заедно со видеоспотот за неа беа промовирани на YouTube.
Спотот е снимен во винаријата Queen Marija во Демир Капија и на преубавиот снежен Пелистер. За снимањето на видеото беа задолжени тимот на „Pinestel“ продукција.
Автор на музиката и текстот е Столе Аврамов кој како засилување во изработката на аранжманот го имаше и Зоран Алексиќ, а во студиото „Yard“ исто така Аврамов и Алексиќ заедно работеа и на продукцијата на песната.
Особено впечатлив е моментот на костимографијата и целокупниот стајлинг на Нашата во спотот, а за истиот за првпат имаат соработка со модната куќа „Елена Лука“. За останатиот дел од стајлингот пак, како шминка и фризура, беа задолжени Марија Лазов и Валентина Доневска.