Моќен напиток за среќен почеток на денот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако по утрото денот се познава, тоа значи дека и целодневното расположение ни зависи од тоа какви ќе се разбудиме и со каква настројба ќе го започнеме денот.

Постои начин со кој ќе го започнете денот на поинаков начин, полни со енергија и добро расположение.

Комбинацијата на куркума и бибер го активира хормонот за среќа, а кога ќе додадете сок од лимон ќе направите еден вид на инјекција со која ќе го разбудите вашето тело. Семето од чиа е задолжено за да добиете дополнителна енергија, додека циметот ја подобрува мозочната активност.

Состојки:

Пола лажичка куркума
Пола лажичка цимет
Прстофат бибер
1 лажичка чиа семки
1 лимон
По желба мед или листови од нане

Подготовка:

Во една чаша ставете малку врела вода и ставете ги чиа семките минута-две за да набабрат. Додајте ги зачините и измешајте добро за да не се создадат мали грутчиња. Додадете цеден лимон и дополнете со вода. По желба додадете мед или листови нане.