„Мојот дечко за вечерва“ – напиша сексапилната пејачка и седна до МекГрегор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На овогодинешното доделување на The British Fashion Awards во Лондон, вниманието на црвениот тепих, но и на масите, го привлече атрактивната и заводлива пејачка Рита Ора, која плени со својот изглед и нагласен сексапил.

Облечена во елегантен фустан кој на префинет начин ги акцентираше нејзините облини, Ора го привлече вниманието на настанот и покрај големиот број присутни славни фаци.

На настанот беше и популарниот „фајтер“ Конор МекГрегор, кој на почеток се дружеше со колегите од светот на спортот, меѓу кои и Ф1 пилотот Луис Хамилтон.

После позирањето пред фоторепортерите, МекГрегор се сместил на една од свечените маси за церемонијата, а до него седнала токму заводливата Ора.

„Мојот дечко за вечерва“, напиша Ора во описот на заедничката фотка со Конор која ја објави на социјалните мрежи.