„Мојот брак функционира само затоа што се сексам и со други мажи“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите знаат дека главна „тајна“ на добриот брак е комуникацијата. Лаура Леонард се сложува со таа констатација, а во нејзиниот полиаморен брак сè се сведува на тоа дека и двајцата знаат со кого спијат.

Лаура и Мајк Леонард, кои се венчаа во 2015 година, тврдат дека таковиот однос им ја зацврстил врската.

„Тоа што сме полиаморни само ја зацврсти нашата врска, секогаш комуницираме еден со друг. Сексот со други личности нема никаква врска со неверство, едноставно и двајцата имаме потреба од повеќе од еден партнер за да ги задоволиме своите потреби“, таа за Daily Mail. „Тоа не значи дека повремено не сме љубоморни еден на друг, но тоа е нормално“, додава.

Своите други, „надворешни“ партнери тие не ги носат дома, за нивната полиаморија да не влијае врз нивниот петгодишен син.

„Состаноците со други се дел од она кое ме претставува мене како личност и затоа знам дека секогаш ќе бидам полиаморна. Мајк и јас се венчавме бидејќи знаевме дека никогаш нема да бидеме 100 проценти ексклузивни“, вели таа.

„Сменив само околу 10 партнери откако сме во брак, а обично одам на два до четири состаноци месечно“, продолжува да објаснува Лаура.

Кога не може да најде некој за состанок, користи страници за запознавање. „Мајк, исто така, оди на состаноци со жени и за сексуалните партнери отворено разговараме меѓу себе, иако сме во брак“, заклучува таа.