
Бракот на Анастасија Ражнатовиќ е хармоничен
Бракот на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ е пример за одличен однос, во кој покрај љубовта, постојат доверба, поддршка, но и подготвеност за компромис.
Младата фолк ѕвезда, инаку ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, пред бракот започна неколку бизнис-ангажмани.
Со неколку песни стана една од најслушаните пејачки на новиот музички стил, а сними и дует со Елена Китиќ.
Сопругот ѝ е огромна поддршка во сè, а сега ја изненади за 8 Март со прекрасен букет цвеќе.
„Ти благодарам, мажу мој, најдобар на целиот свет! Те сакам!“ – напиша Анастасија и на сите жени им го честиташе 8 Март.