„МОЈ ПАТ“ бесплатна веб апликација за пријава на недостаток на патиштата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


АМСМ во придружба на министерството за транспорт и врски, министерството за внатрешни работи како и јавното претпријатие за државни патишта ни ја претстави новата, бесплатна веб и мобилна апликација „МОЈ ПАТ“.

Со помош на оваа апликација, ние како граѓани ќе имаме можност да пријавиме проблем и недостаток на патот. Целта на овој проект е да се придонесе во безбеденноста на сообраќајот и квалитетна патна инфраструктура за сите граѓани.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески смета дека новата алатка ќе биде од огромно значење во поглед на ефикасноста за утврдување на проблем на патиштата, како и навремено отстранување со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Република Македонија постојано се залага за вклучување на модерните сообраќајни текови со кои ќе овозможиме поквалитетно и побезбедно користење на патиштата. Една од алатките за тоа е и оваа апликација, и ќе ни биде од огромна корист за идентификување на недостатоците на патиштата“ – рече Сугарески.

Недостатоците што ќе бидат пријавени ќе се отстрануваат во зависност од капацитетот на надлежните институции и нивната приоритетност.

Од АМСМ најавија дека сите пријави ќе бидат доставени до надлежните институции за нивно отстранување. Истотака, корисниците на оваа алатка ќе можат да го следат и статусот на пријавата се до отстранувањето.

АМСМ апелира граѓаните да ја користат бесплатната мобилна апликација „Мој пат“ која е наменета за андроид и iOS базирани мобилни телефони или да ја користат платформата www.mojpat.mk