„Мој ДДВ Моја Награда“: Владата најави наградна игра за сите што скенираат фискални


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со фонд од 31 милион денари, од 25 ноември стартува наградната игра „Мој ДДВ Моја Награда“ која ја воведува Министерството за финансии како дел од проект-мерката „Мој ДДВ“, во која ќе се доделуваат награди на дневно ниво и 15 награди на месечно ниво и две главни награди.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, тоа е унапредување на мерката мој ДДВ која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија.

Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е еден вид унапредување на мерката која до сега даде резултати. При креирањето на наградната игра тимот кој работеше ги зема предвид и бројните предлози што пристигнаа од граѓаните и задоволство ми е да ви кажам дека добар дел од нив ќе бидат и инкорпорирани во унапреденото решение. Исто така беа земени предвид успешни најдобри практики од други земји. И не само тоа туку одиме чекор повеќе и покрај наградувањето Наградната игра има и едукативни елементи кои ќе влијаат на финансиската писменост – изјави министерката Ангеловска.

Според Ангеловска, важно е да се оди со начин да се наградат граѓаните, а не со казнување.

Да ги наградиме граѓаните кои ќе учествуваат во борбата против сивата економија и кои со ова решение ќе имаат причина плус да ги скенираат фискалните сметка. Кога нема да добијат да побараат, кога нема да добијат да пријават за да може УЈП да постапи. Мерката враќа пари кај граѓаните, ја зајакнува фискалната дисциплина и благодарение на технологиите ќе имаме и едукативна компонента во целото ова решени – рече Ангеловска.

Наградната игра е на Министерството за финанси и Управата за јавни приходи, а ќе ја организира Државна лотарија на Македонија и ќе трае една година.