Могерини денес ќе поднесе извештај за посетата на Западен Балкан


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска ќе ги извести шефовите на дипломатиите на Унијата за минатонеделната посета на Западен Балкан во текот на која престојуваше во Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

Таа притоа ја пренесе пораката дека ЕУ е приврзана кон интеграцијата на Западен Балкан. За ситуацијата во регионот ќе стане збор и на самитот на Унијата што на 9 и 10 овој месец ќе се одржи во Брисел.