Модриќ ја откри тактичката генијалност на Зидан: Ова беше клучниот детал!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хрватскиот плејмејкер Лука Модриќ кој во саботата со Реал Мадрид ја освои својата трета титула шампион на Европа, го откри клучниот детал во победата над Јувентус во финалето.

Модриќ ја откри тактичката генијалност на тренерот Зинедин Зидан кој ја открил слабата точка на, до тогаш, непробојната одбрана на италијанскиот шампион.

„Зидан и нашиот стручен штаб одлично ја детектираа слабата точка на Јувентус, односно слабоста на нивната одбрана. Во припремите за натпреварот постојано вежбавме повратни топки, бидејќи Зидан заклучи дека нивната одбрана е неприкосновена на центаршути но дека имаат проблем при повратна топка, особено по земја“.

„Тоа го вежбавме неколку дена и на тој начин постигнавме три гола. Секоја чест на тренерот на тој детал, тоа беше одлучувачко во ова финале“, заклучи Модриќ.