Модриќ и Ловрен сведочеа во корист на Мамиќ – што по пресудата?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред малку во Хрватска му беше изречена пресудата на сопственикот на Динамо Загреб и неговиот блиски соработници.

Мамиќ беше прогласен за виновен и осуден на казна затвор од шест ипол години.

Веднаш по пресудата на Мамиќ се поставува и прашањето што ќе биде со Лука Модриќ и Дејан Ловрен кои сведочеа во корист на сопственикот на Динамо Загреб.

Имено, како што се наведува пресудата може многу да влије и Модриќ кој и претходно беше обвинет за лажно сведочење, а во иста ситуација се наоѓа и дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен.

Според законите во Хрватска казната затвор за лажно сведочење може да изнесува од шест месеци до пет години.