Модниот свет во паника: ВМилионерка со коронавирус седела во први редови на ревии во Париз и Милано


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


27-годишната виетнамската милионерка Нга Нгујен седела во првите редови на модните ревии на Сен Лоран во Париз и на Гучи во Милано. Но, овој податок немаше да биде нешто посебно, ако тоа не предизвикаше паника во елитните кругови на модниот свет.

По враќањето од Европа, таа била тестирана за коронавирус, а тестговите покажале дека таа била заразена. Со оглед на тоа што илјадници модни новинари, уредници, модели, инфлуенсери, фотографи и љубители на модата биле дел од модната недела во Париз и Милано, јасно е зошто модниот свет е во паника.

Нгуин се пофали со фотографиите на Инстаграм, но откако беше потврдено дека е коронавирус позитивна, нејзиниот профил е избришан. На модните недели таа била со нејзината сестра Хонг Нунг (26), која исто така е позитивна на коронавирус, пренесува South China Morning Post.

Виетнамските медиуми јавуваат дека таа живее во Ханој и Лондон и е ќерка на магнат што направил богатство од челик. Во Виетнам се потврдени околу 30 случаи на коронавирус.

На ревијата на „Сен Лоран“ имало околу илјада луѓе, а според странските медиуми, модните уредници, купувачи на модни куќи и други посетители на Модната недела во Париз и Милано, се решиле на самоизолација во нивните домови. Уредниците од САД и азиските земји, како Сингапур и Тајланд, изјавиле дека нивните работодавци им рекле да не доаѓаат на работа по враќањето од Милано. Од дома работат 30 врвни уредници на „Ел“, „Инсил“ и „Харперс Базар“ .

Во Париз, на модните ревии имало повеќе од 5.000 луѓе за време на Модната недела, но само мал дел од настаните биле откажани.