Moderna започна со тестирање на вакцините против коронавирус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во понеделникот, американската компанија за биотехнологија Moderna започна со тестирање на својата вакцина врз луѓе, што е првото клиничко испитување во светот. Во соработка со американскиот Национален институт за здравство (NIH), Moderna ангажираше 45 здрави и релативно млади волонтери.

„Сите се чувствуваме беспомошни. Ова е неверојатна можност да се направи нешто“ – изјави првиот учесник во студијата, Џенифер Халер (43) од Сиетл за АП пред да се вакцинира.

Во текот на следните шест недели, другите учесници во клиничкото тестирање ќе добијат различни дози на вакцината. Не постои ризик волонтерите да се инфицираат, бидејќи вакцината не го содржи самиот вирус. Целта на првата фаза од клиничкото испитување е да се провери безбедноста на вакцината, односно да не се покажат некои потенцијални негативни несакани ефекти.

„Вакцината што ја разви Moderna припаѓа на таканаречените вакцини на база на нуклеинска киселина, а во конкретниот случај тие користеа РНК (рибонуклеинска киселина) за да го разбудат нашиот имунолошки одговор“ – вели молекуларниот биолог Кристијан Влахович.