Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На падините на италијанските Алпи, во близина на преминот Пасо дел Каваљо во провинцијата Бреша, е изградена викендичката „Алпс Вила“.
Големите панорамски прозорци со рамки од дрво и бакар на куќата пружаат преубав поглед кон долината од едната и кон врвовите на Алпите од другата страна. Вилата е дело на италијанскито архитект Ботичини, кој се обидел да направи идеален баланс меѓу хармонијата и тензиите кои постојат меѓу самата градба и околниот предел.
Куќата делумно вградена во ридот со што се создава илузија дека таа е дел од него. Таа делува како да е во примарен однос со пејсажот, без дополнителни вештачки елементи. Панелите од брановит бакар и обработено дрво, дополнително придонесуваат за подобра интеграција на вилата во нејзиното опкружување.
Пат од текстурни метални скалила води до стрмниот асфалтен пат, кој минува крај имотот на кој се наоѓа векендичката. На почетокт на скалилата крај патот има затворена структура изработена од оксидирано железо и дрво, која наликува на порта.
Стаклениот влез на вилата на другиот крај на скалилата е заштитен со големи прозорци и тераса, која изгледа како да виси пред градбата.
Ентериерот на куќата е поделен на три секции, кои претставуваат засебни целини. Во првата секција се сместени дневниот престој и трепезаријата, во втората кујната и ходникот, а во третата има три спални соби со бањи.