„Мочкото“ доби заштитна маска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Симболот на градот Брисел „Манекен Пис“(или попознат како „Мочкото“) доби заштитна маска како израз на солидарност со граѓаните кои се борат против коронавирусот.

Во Белгија од почетокот на пандемијата со коронавирус починале 8.500 луѓе. Од почетокот на пандемијата, граѓаните на Брисел самоиницијативно ставале медицински маски на бронзената фигура на „момчето кое мокри“.

Овој пат „Манкен Пис“ доби и маска која е скроена за него а на која се наоѓа знамето на Белгија и црвени срца. Од управата на градот велат дека не станува збор за официјален костим на „момчето кое мокри“, кој би морал да вклучува и соодветна облека.

„Манекен Пис“ во својот официјален муизеј има преку 1.000 костими. Статуата се облекува по повод обележување на значајни датуми и празници.