Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Расправата за тоа колкаво е штетното зрачење на паметните телефони со години зазема голем простор во дебатите од оваа проблематика и сфера.
Произведувачите тврдат дека нивните уреди се сигурни и во склад со сите прописи, но лекарите сепак предупредуваат дека треба да бидеме внимателни доколку предолго ги користиме.
Германската сојузна канцеларија за заштита од зрачење направи база на голем број паметни телефони и нивото на зрачење кое што секој од нив го емитува.
Некои од уредите емитуваат високи фреквенции, особено за време на телефонскиот разговор, додека други се попристојни и може да се окарактеризираат како безопасни.
Меѓународната комисија за заштита од нејонизирано зрачење (ICNIRP) уште од 1998 година препорачува дека нивото на апсорпција на електромагнетно зрачење не смее да преминува два вати по килограм.
Иако ниту еден паметен телефон кој што во моментов е на пазарот не го надинува тоа ниво, некои се поблиску до границата од други.
Помеѓу уредите кои најмногу зрачат за време на разговорот се моделите на OnePlus, Huawei, Nokia, како и Apple iPhone.
Од друга страна, најмалку зрачат моделите на Samsung, Google, ZTE и LG.
На страницата на канцеларијата за заштита од зрачење се објавени дел од моделите кои се популарни во Германија.