Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По новогодишната изјава на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој им порача на сите соседи, вклучувајќи ја и Македонија, дека нема да дозволи Србија да биде понижувана и дека ќе видат како ќе се постави Белград кога ќе се гласа за нивните интереси, од македонското МНР велат дека политичарите треба да ги продлабочуваат пријателските односи.
Меѓу Србија и Македонија има многу блиски и длабоки пријателски односи и не е случајно што граѓаните во двете земји имаат многу позитивни чувства за соседите од другата страна.
На политичарите останува само да ги продлабочуваат тие историски односи. Доколку тоа не е возможно, тогаш треба да бидат одговорни барем да не го рушат пријателството кое постои меѓу Македонија и Србија, во двата правци, велат од МНР за МКД.мк, но засега не најавуваат официјална реакција.
Ова, според МНР, треба да важи и во услови кога е очигледно дека се загрева атмосферата за следното гласање за влез на Косово во УНЕСКО.
Неофицијално, извори од Министерството велат дека ваквите изјави се на некој начин предупредување пред новата рунда гласање за влез на Косово во УНЕСКО што треба да се случи пролетва.
На гласањето за прием на Косово во УНЕСКО што се одржа на почетокот на ноември лани, и Македонија, и Хрватска и Црна Гора гласаа за што предизвика критики од официјален Белград. Една недела пред гласањето српскиот претседател Томислав Николиќ за време на посетата на претседателот Ѓорге Иванов на Србија рече дека од Иванов побарал Македонија принципелно да ја поддржи Србија со гласање против членство на Косово во УНЕСКО.
Во последната изјава, Дачиќ, пак рече дека Србија направи голема грешка околу признавањето на Македонија под уставното име.
Цела Европа и светот го користат називот Бивша Југословенска Република Македонија, а ние на браќата Грци им удривме шлаканица и сега очекуваме тие да не го признаат Косово, а Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Морам да кажам дека сме будали. Еве, ќе употребам недипломатски израз, изјави Дачиќ.