Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со загриженост констатираме дека политичката криза во Македонија, предизвикана од грубото надворешно мешање во внатрешните работи на земјата, се продлабочува, реагираат во четвртокот од руското министерство за надворешни работи.
Преку активното делување на раководствата на ЕУ и НАТО се прават обиди на Македонците да им наметне т.н. албанска платформа, создадена во Тирана во кабинетот на премиерот и под мапата на Голема Албанија, илустрирајќи ги територијалните претензии кон делови од соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција, додаваат од руското министерство.
Особено загрижува тоа што во оваа афера се вклучени и властите на еднострано прогласеното независно Косово, и веруваме дека оваа линија предизвикува опасност и се заканува со уништување на македонската државност и дестабилизација на целиот Балкан, порачуваат од руското МНР.
Сакаме да потсетиме дека на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември 2016-та година, одржани на инсистирање на ЕУ и САД, победи владејачката партија на чело со Никола Груевски. Сега Западот и албанското малцинство сакаат на власт во Скопје да ја доведат поразената опозиција, прифаќајки ги ултиматумите на Албанците, што предизвикува ерозија на уставните темели во земјата, предупредуваат од руското министерство.
Продолжувањето на деструктнивните обиди да се наметне политика спротивна на волјата на македонските граѓани може само да ја влоши состојбата. Неопходно е да се сопре надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија, и да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да решаваат за својата судбина, во согласност со основнтие демократските принципи, заклучуваат од руското МНР