Advertisements
Актуелно

Многу топол петок

Денес, петок, 9 август, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе се движат од 31 до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а дневната температура до 38 степени

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.

Advertisements
To Top