Вебкафе

Многу тажно: Почина последниот мажајк на светот од северниот бел носорог

Последниот машки примерок од северниот бел носорог на светот, наречен Судан, почина после 45 години живот, беше објавено на социјалните мрежи од страна на резерватот во кој живееше.

Во последно време Судан страдаше од голем број здравствени проблеми предизвикани од староста, а го лекуваа од многу инфекции. Состојбата му се влоши во последните неколку дена, па ветеринарниот тим донесе одлука да му биде извршена евтаназија.

Судан живееше во Кенија, во резерватот Ол Пејета, каде беше под 24-часовен надзор, чуван од вооружени чувари поради опасност од ловокрадци, а беше опремен и со радиопредавател за да можат лесно да го најдат доколку им се изгуби од вид на чуварите.

„Беше нежен џин. Карактерот му беше прекрасен, но многу луѓе се плашеа од него поради големината. Но, немаше ништо злобно во него“, изјави претставникот на резерватот.

На светот останаа само уште две женки од овој животински вид, но за среќа, научниците успеаја да извлечат генетски материјал од Судан со надеж дека со негова помош ќе можат да оплодат барем една од женките за да не згасне засекогаш постоењето на северниот бел носорог.

Инаку, во 1960 година на светот имаше околу 2.000 живи претставници од овој вид, а веќе до 1984 година тој број се намали на 15.

„Можеме само да се надеваме дека светот ќе научи нешто од тажната загуба на Судан и ќе преземе нешто за да се стави крај на трговијата со рогови од овие животни. Иако цената на роговите паѓа во Кина и Виетнам, ловокрадците уште се закана аз сите видови на носорози“, објасни Питер Најт, управител на WildAida.

Во 2011 година, исто така поради беснеењето на ловократството, загина последниот западноафрикански црн носорог.

Advertisements
To Top