
Сања Маринковиќ ја отвори својата душа
Водителката и телевизиско лице, Сања Маринковиќ, е популарна долг временски период, но малку се знае за нејзиниот приватен живот.
Сања е родена во 1974 година во Белград. Основното образование и XII гимназија ги завршила во родниот град. Дипломирала менаџмент на Високата бизнис школа, а потоа и финансиски менаџмент на Универзитетот Мегатренд. Говори англиски и француски јазик.
Љубов кон новинарството од средношколските денови
Уште во средното училиште посакала да се занимава со новинарство.
За својот приватен живот ретко зборува, но во едно интервју откри дека имала многу среќно детство.
Посочи дека нејзините родители секогаш се труделе секој вишок пари да го искористат за патувања со неа и нејзиниот брат Бојан. Љубовта кон патувањата ја наследила токму од нив, а ја пренела и на својот син.
Емотивен момент во Лондон
Така, неодамна отпатува во Лондон, кој го нарече својот омилен град, но таму помина низ тежок и емотивен момент.
“Сè е на испит, а најмногу љубовта и почитта… Никогаш не е доцна за мојот омилен град на планетата. Емотивно ми беше многу тешко, бидејќи најубавите моменти на улиците на Лондон ги поминав со моите родители,” напиша Сања.
Тажна загуба
Да потсетиме, нејзината мајка Добрила го загуби животот во 2024 година по кратка борба со тешка болест. Тажната вест за мајка ѝ ја дочека Сања за време на снимањето на емисијата „Магазин Ин“.
Како водителка, таа секогаш била многу поврзана со своето семејство.