ММФ порачува: Зголемете даноци на горива и имот за да покриете покачени пензии и субвенции


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓународниот монетарен фонд предлага да се зголемат даноците на горива и на имот, како дел од мерките за зголемување на приходите на државата за да може да се компензира за зголеменото трошење на пензии и субвенции изминативе години, пренесува порталот СакамДаКажам.

ММФ, во извештајот за Македонија објавен вчера, сугерира веднаш да се почне со консолидација на фискалната политика со мерки на страната на приходите, но и на страната на расходите.

Покрај зголемените даноци, ММФ препорачува поефикасна наплата на данокот на додадена вредност, за која што ММФ вели дека е пониска од земјите во регионот на Западен Балкан, како и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.