ММФ ја со критики до Македонија за стопирање на прогресивниот и враќање на рамниот данок


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Меѓународниот монетарен фонд излезе со низа критики за неколку владини чекори на македонската Влада во врска со буџетот и економијата.

Стопирањето на прогресивниот данок, зголемувањето на платите на администртивците и на минималната плата, но и повисоките пензии ќе ги поткопаат придобивките кои што беа направени во фискалните политики – предупредува Меѓународниот Монетарен Фонд, пренесува Телма.

Монетарците го вклучија алармот за политиките на власта планирани со буџетот за наредната година, со кои кажаа „пу-пу“ не важи на реформите кои ги спроведоа само пред една година. ММФ ги потсетува властите дека за подобрување на животниот стандард на граѓаните мора да има раст на економијата и структурни реформи.

Велат растот на минималната плата нема значајно да ја намали сиромаштијата, туку може само да го намали формалното вработување. Затоа препорачуваат да се зачува конкурентноста и минималецот да расте само ако расте и продуктивноста.

Нето минималната плата кумулативно ќе се зголеми за 45 отсто, сметано од 2017 година. Таа ќе порасне до над 50 отсто од просечната плата, што е високо според регионалните стандарди,

стои во извештајот.
Преку дипломатски ракавици, монетарците предупредуваат и за проблемите на приходната страна на Буџетот кои може да ги предизвика напуштањето на прогресивниот данок.

Но, министерката Ангеловска е задоволна од извештајот. Вели ќе ги анализираат заклучоците, но не гледа простор за загриженост.

Зa нивните коментари за на некој начин поткопување или враќање, напротив во извештајот е наведено дека може да го забави растот на приходите како резултат на персонален данок. Да го забави растот нема да значи дека нема да има раст бидејќи секако ние проектираме дека ќе продолжи растот на страна на прибирање на приходи од персонален данок тоа се должи од една страна од природниот ефект растот на економијата, ќе се намалува невработеноста. Од сруга страна растат платите, вели Ангеловска.

Според Ангеловска приходите од персоналецот ќе се крпат и со данокот кај игрите на среќа каде ставката не се спушта на 10 туку останува на 15 проценти, а тие имаат големо учество на приходната страна.

За обезбедување солиден раст, ММФ предупредува дека е потребно засилување на инвестициите.Монетарците прогнозираат дека растот на БДП ќе забрза и наредната година ќе достигне 3,4 проценти што е за 0,3 процентни поени повеќе од нивната пролетна прогноза.Но, е далеку од проекциите на Владата која планира наредната година економијата да порасне 3,8 проценти.