ММФ ја охрабрува владата да ја подигне старосната граница за пензија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај го впери прстот во одржливоста на  фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Монетарците алармираат дека пиом се соочува со проблем поради намалените придонеси, но и поради стареењето на населението. Доколку не се превземат мерки, дефицитот во фондот ќе се зголеми двојно до 2030 година посочуваат од ММФ.

За да се обезбеди одржливост, властите се охрабруваат да го разгледаат подигањето на законската возраст за пензионирање со оглед на јазот со просекот на ЕУ, ревизијата на индексирање да се поврзе најмногу со трошоците на живот како што е случајот со земји во ЕУ, спроведувањето на политиките за зголемување на учеството на работната сила, и зголемување на стапките за придонес, препорчуват од ММФ.

Експертите велат дека мерките се ургентни и непопуларни, но мора да се спроведат. Кој и да дојде на власт ќе мора да најде решение како пиом да стане одржлив.

Претходно и Светска банка посочи за лошата состојба во која се наога пиом. Дури  45 % од парите се  префрлаат од буџетот кон  фондот за да исплаќаат пензии. Проблемите почнаа како реформата.

Проблемите со фондот за пензиско и инвалидско осигурување започнаа кога започна реформата за фомрирање и на приватни пензиски фондови. Но добија на интензитет со постојаниот раст на пезниите од една страна и со намалените приходи од придонеси од друга страна. Не запре трендот на влошување на финасискатра состојба на пиом.

Дел од медиумите веќе објавија дека циркулира предлог, мажите да можат да одат во пензија на 67 години, а жените на 64, а не како досега во пензија да се оди со 64 и 62 години.