Младо си е младо: Хајди Клум, по трет пат, тајно „рипнала в тавче“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната германска и светска убавица и манекенка, Хајди Клум, уште пред неколку месеци, тајно се венчала со нејзиниот дечко, 17 години помладиот Том Каулиц.

Иако пред венчалниот олтар застанаа на 22 февруари оваа година, на годишнината од нивната врска, жешката Клум и поранешен член на група Tokio Hotel добрата вест ја откри дури сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Откога почнаа да излегуваат Том и Хајди се неразделни, што повторно го докажа завчера во Париз, на презентација на парфемот „7 љубовници” на Карин Ротфелд, каде што цело време се држеа за раце.

Парот го привлече медиумско внимание поради разликата во годините, но Хајди истакнува дека нема проблем со тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

„Мојот дечко е многу години помлад од мене, но јас не се грижам. Мислам дека само треба да се живее среќен живот и да не се грижиш за она што луѓето го мислат, бидејќи тоа создава непотребна грижа. Том ме прави среќна жена. Со него е поразлично отколку што беше во претходните односи , мислам навистина сериозно “, изјави таа за InStyle минатата година откако Том ја побара за жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Инаку, ова е трет брак на убавата Германка. Пред Том, беше во брак со Пипин Рика, а потоа со музичарот Сил со кого има три деца – 14-годишниот Хенри, 12-годишниот Јохан и деветгодишната ќерка Лу.