Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младите ракометари ја декласираа селектцијата на Турција и обезбедија пласман на Светското првенство кое ќе се игра во Алжир.
На младите ракометари им беше потребна победа од 19 гола, која ја остварија. Зад себе, тие покрај Турција, ги оставија селекциите на Полска, против која славевме во 1 коло, како и Португалија со која вчера ремизиравме, но сепак, на крајот имавме подобра гол-разлика.
Со извонредниот Шилегов во првото полувреме и беспрекорната одбрана на чело со голманот Даниловски во вториот дел стигнувајќи до преубедлива победа што значи и пласман на мундијалот, прв за една македонската младинска репрезентација на светските првенства во оваа возрасна граница.
Шилегов беше прв стрелец со десет гола, пред Талески со девет, додека на голот одличен беше Даниловски со 13 успешни интервенции.