Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да Ви ја стоплиме душата за време на новогодишите празници!
Новогодишните празници се време на радост, еуфорија и исполнување на желби. Група ученици од средното училиште „Раде Јовчески Корчагин“ го разубави вчерашниот ден во Заводот за рехабилитација на лица со посебни потреби во Топанско поле.
Овие средношколци на своја иницијатива обезбедија новогодишни подароци и организираа предновогодишна претстава за лицата со посебни потреби.
„Бевме облечени како принцези на чело со Дедо Мраз. Не пречекаа со голема радост и воодушевување. На наше големо задоволство сите пеевме и се забавувавме. Решивме за скоро да се видиме повторно. Се чувствуваме посреќни и поисполнети!“
Е драга Македонијо, овие деца треба да ги чуваме!