Младинците заминаа за Полска: Одиме да победуваме!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите на младата фудбалска репрезентација денес отпатува за Полска, каде од 16 јуни до 2 јули ќе се одржува Европското првенство за играчи до 21 година.

Македонија за противници во групата ги доби Шпанија, Србија и Португалија. Првиот меч ќе го одигра на 17 јуни против Шпанија, три дена подоцна ќе игра против Србија, а на 23 јуни противник на избраниците на Милевски ќе им биде Португалија.

„Одлично се чувствуваме и, што е најважно, сите се здрави и подготвени. Групата е силна, нашите противници поседуваат огромен индивидуален квалитет, но ние нема да ги менуваме пристапот и концепцијата. Ќе играме со истиот дух и истата желба за успех како што правевме во квалификациите“, изјави селекторот Милевски.

„Ја познавам селекцијата на Шпанија, на тој натпревар како и на секој друг ќе одиме на победа. Нашата цел е висока, подготвени сме да го дадеме максиумот, а тогаш кога ќе не стаса физичкиот замор, ќе го надополни срцето и некои други сили“, изјави Давид Бабунски.