Младинците од третиот шешир ќе го чекаат жребот за ЕП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младата фудбалска репрезентација на Македонија се наоѓа во третиот шешир во пресрет на жрепката за Европското првенство за фудбалери до 21 година, кое во јуни наредната година ќе се одржи во Полска.

Европската фудбалска унија соопшти дека покрај Македонија во третиот шешир ќе бидат Србија, Италија, Чешка, Словачка и бранителот на титулата Шведска.

Носители на извлекувањето ќе бидат Германија, Португалија и домаќинот Полска, а во вториот шешир ќе бидат Англија, Шпанија и Данска.
Извлекувањето на групите ќе се одржи на 1 декември во Краков, а ЕП ќе се одржи од 16 до 30 јуни наредната година.

Натпреварите во А групата ќе се играат во Киелце и Лублин, во Б групата во Гдањск и Бигодшч, а во Ц групата во Тихиј и Краков.