Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според истражувањето направено до лондонскиот колеџ Кингс, повеќе од една третина од младите покажуваат симптоми на зависност од мобилни телефони, без разлика колку време дневно поминуваат на тие уреди.
Зависноста од мобилен телефон не е официјално признаена како клиничка дијагноза, но симптомите се идентификувани.
Истражувањето на лондонскиот колеџ Кингс открило дека 39 проценти од луѓето на возраст од 18 до 30 години покажуваат симптоми како што се губење на контролата над времето поминато на телефон, вознемиреност кога не им е достапен и занемарување на другите аспекти од животот.
Според резултатите од студијата, приближно една четвртина од оние кои покажале знаци на зависност користеле паметен телефон повеќе од три часа на ден, и дополнителни 19 проценти повеќе од пет часа на ден.
Повеќе од две третини (69 проценти), исто така, рекле дека спијат слабо, без разлика колку време поминуваат гледајќи во своите мобилни телефони.
„Паметните телефони станаа составен дел од нашите животи и оваа студија е важен чекор во разгледувањето на ефектите од нивната дисфункционална употреба и нарушувањата на спиењето“, изјави водечката авторка на студијата Саманта Сон од Одделот за психологија, психијатрија и неврологија на Кингс колеџот.
Во студијата учествувале 1.043 лица, а 406 од нив ги исполниле критериумите за „дијагноза“ на зависност од смартфони.
Интересно е што студијата открива дека времето поминато со телефон не е клучно за проблемот со зависноста и слабиот сон.
„Се покажа дека бихевиоралната зависност во однесувањето ја предвидува штетата поврзана со прекумерната употреба на паметни телефони подобро од самата должина на употребата“, рече Сон.