Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Двајца млади британски лекари од муслиманска вероисповест се убиени во Ирак, како припадници џихадистичката организација Исламска држава (ИД), јавија лондонските медиуми.
Двајцата лекари загинале во борбите во околината на Мосул, при офанзивата на ирачката армија за ослободувањето на овој втор по големина град во Ирак.
Британските џихадисти загинале при обидот конвој со џихадисти да се извлече од градот на територија што е под контрола на ИД.
Едниот од нив е од Лондон и е син на британски лекар од суданско потекло, додека другиот е од англиската област Нотингемшир.
Двајцата почнале да студираат во Велика Британија, а потоа се префрлиле на Универзитетот во Картум во Судан, каде и дипломирале, што е пракса на многу Британци кои потекнуваат од оваа африканска муслиманска земја.
Од таму тие заминале во Сирија, а потоа и во Ирак за да се борат на страната на џихадистите.
Едниот од нив се појави и во пропагандно видео на ИД во кое повикуваше други млади муслимани од Велика Британија и од другите земји, наместо да живеат мирно на Западот, да дојдат на фронтот и да се борат со другите џихадисти за исламската кауза.
Според британски безбедносни извори, на кои се повикуваат медиумите во Лондон, од Велика Британија во редовите на ИД се приклучиле околу 800 млади радикализирани муслимани.
Половнта од нив се верува дека се вратени во земјата и сега се сметаат како потенцијална закана за британската безбедност.
За 15 отсто од оние кои заминале да борат во редовите на ИД се претпоставува дека се убиени.